ЦЕЛОСНА ПОНУДА

ВИЕНА 2020

ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО ВО РАКОМЕТ
Автобус / 6 дена / 4 ноќевања
09.01 - 14.01.2020
Европско првенство Ракомет - Виена
Без разлика дали сте љубител на уметноста, гастрономските задоволства, забавата, шопингот или едноставно сте љубопитни - Ве покануваме во еден од најубавите градови во Европа, не само поради своето царско минато, туку и заради неговите мултиетнички влијанија што го прават различен од сите останати градови.
Виена денес е модерна туристичка метропола на бреговите на прекрасната сина река Дунав со видлива намера да го шармира секој посетител со убавината на палатите и парковите Империјал Хофбург и Шонбран, богатите уметнички колекции и музичко наследство, како и можност за одличен шопинг и трошење на време во многу ресторани со многу пиво и локално вино. Виена е исто така град каде што живееле и работеле Гете, Фројд, Бетовен, Ајнштајн, Моцарт и многу други.
Во Виена, всушност, сè е посебно, од убавината на нејзината панорама до вкусот на колачите.
   
1 Ден09.01.2020 (Четврток)
   СКОПЈЕ – ВИЕНА
Состанок на групата во 19:00 часот. Поаѓање од Скопје во 19:30 часот. Ноќно патување, со попатни паузи за одмор и царински формалности, преку граничниот премин Табановце, Србија и Маџарска.
2 Ден 10.01.2020 (Петок)
   ВИЕНА
Пристигнување во Виена во доцните попладневни часови. Сместување во хотел. Слободно време за одмор. Во договорено време поаѓање од хотелот со организиран превоз до спортскиот комплекс Wienner Stadhalle и следење на натпреварите Чешка – Австрија 18:15 ч. и Македонија – Украина 20:30 ч. Враќање во хотелот. Ноќевање.
3 Ден 11.01.2020 (Сабота)
   ВИЕНА
Појадок. По појадокот факултативен панорамски разглед на Виена со локален водич: Плоштадот Рингштрасе, палатата Хофбург, Парламентот, Градската куќа (Ратхаус), Виенската опера, Универзитетот, комплексот Хундертвасер, дворецот Белведере, забавниот парк Пратер градскиот парк… или време за индивидуални разгледи на градот. Ноќевање.
4 Ден 12.01.2020 (Недела)
   ВИЕНА
Појадок. По појадокот слободно време за индивидуални активности. Попладнето поаѓање со организиран превоз до спортскиот комплекс Wienner Stadhalle и следење на натпреварите Чешка – Македонија 16:00 ч. и Австрија – Украина 18:15 ч. По натпреварите органзиран превоз до хотелот. Ноќевање.
5 Ден 13.01.2020 (Понеделник)
   БРАТИСЛАВА - шопинг центар Парндорф
Појадок. По појадокот факултативен излет до Братислава, Р. Словачка. Панорамски разглед со локален водич: Националниот театар, палатата Примата, Стариот град, палатата Палфи, Михалска порта, Црквата Св. Тројца, Сината Црква, Старата градска општина, Претседателската палата, концертната сала Редута, Катедралата Св. Мартин, плоштадот Хлавно… Слободно време за индивидуални активности. Поаѓање од Братислава во договореното време со попатна посета на шопинг центарот (аутлет) „Парндорф“, слободно време за шопинг… пристигнување во Виена во вечерните часови. Ноќевање.
6 Ден 14.01.2020 (Вторник)
   ВИЕНА - СКОПЈЕ - БИТОЛА
Појадок. По појадокот одјавување од хотелот. Организирана посета на некој од тргвските центри.
Можност за шопинг. Во договорено време поаѓање кон спортскиот комплекс Wienner Stadhalle, следење на натпреварите Австрија - Македонија 18:15 ч. и Украина – Чешка 20:30 ч. По завршувањето на натпреварите поаѓање за Македонија. Ноќно возење со царински формалности и попатни паузи. Пристигнување наредниот ден во утринските часови.
 
Промотивна цена до 01.12.2019 339 € / 21.000 денари по лице
Редовна цена на аранжманот 355 € / 22.000 денари по лице
 
Во цената на аранжманот е вклучено:
• 4 НП во хотел со 3* супериор во Виена
• Блок билети за сите натпревари од група Б (дати:10.01.2020, 12.01.2020, 14.01.2020)
• Автобуски превоз на горенаведената релација
• Организација, водство и реализација на аранжманот.

Во цената на аранжманот не е вклучено:
• Разглед на Виена со локален водич 10 € по лице (1.10.2020).
• Посета на Братислава и разглед на градот со локален водич 20 € по лице.
• Факултативните излети и посети, влезниците при посета на културно-историските споменици.
• Патничко осигурување (150 ден по лице).

Напомени:
• За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 35 патници. Бројот на места е ограничен.
• Односот на 1 € = 62,00 денари.
• Во случај на недоволен број на патници агенцијата го задржува правото на откажување на аранжманот најкасно до 5 дена пред поаѓање.
• Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата.

За патувањето важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. ,,АТЛАС КОРПОРЕЈШН’’

 

Галерија

viena viena viena viena viena viena viena viena viena viena viena bratislava bratislava