ЦЕЛОСНА ПОНУДА

ИСТАНБУЛ

Нова Година 2020
Автобус / 4 дена / 2 ноќевања
29.12.2019 - 02.01.2020/b>
Истанбул
Oва година одлучивме да ви понудиме уште поголемо и подобро доживување!
Два подиума на еден брод, отворен и затворен простор, новогодишен коктел во затворен простор со прекрасен поглед, шведска маса. Во цената се вклучени 6 пијалоци! Во затворениот простор ќе настапува бенд! Додека пак на отворениот простор ќе биде предводен од наш домашен ди-џеј! Моќната страна на отворениот простор е погледот од милион долари!
Бродот поминува под самиот мост на Босфор и се движи во близина на најлуксузните палати во градот! Музика сечиј вкус, Млади, cool и едуцирани водичи, Фотограф и многу други изненадувања…
   
1. Ден - 29.12.2019
   СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ
Состанок на групата во договореното време. Поаѓање за Турција. Патување преку граничниот премин Меџитлија. Патување со попатни паузи преку Солун, Кавала, Александрополис – Ипсала (Грчко-Турска граница).
2. Ден - 30.12.2019
   ИСТАНБУЛ
Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Сместување во хотел. Во попладневните часови заминување на панорамски разглед на градот со професионален туристички водич. Посета на Таксим, Валенсовиот аквадукт, Шехзаде џамијата, големиот џамиски комплекс Сулејмание, Хиподромот, Султан Ахмет (сината) џамија, мостовите на Босфор. Слободно попладне за лични активности. Во вечерните часови Ве водиме во посета на плоштадот Таксим и променадната улица долга 4 км богата со голем број на продавници и ресторани. Ноќевање.
3. Ден - 31.12.2019
   ИСТАНБУЛ
Појадок. По појадокот, факултативна посета на Аја Софија (Света Софија) – симболот на зачетоците на Христијанството на тие простори... Факултативна посета на Топ Капи - палатата на султаните, со посета на Харемот и ризницата. Посета на Долма Бахче Сарај, последната резиденција на Отоманскиот Султан и место каде починал големиот татко на Турција Кемал Ататурк. Посета на Капали Чаршија, еден од најатрактивните шопинг центри во светот со 4.000 дуќани за накит, злато, облека, кожа, антиквитети. Време за одмор и подготовка за незаборавен дочек на Нова година. Овој пат Ви нудиме Новата година да ја дочекате со забава на брод или во национален Турски ресторан (факултативно). Ноќевање.
4. Ден - 01.01.2020
   ИСТАНБУЛ
Појадок. По појадокот – факултативно крстарење со брод по Босфор со локален професионален водич, каде на еден поинаков начин ќе ги доживеете убавините и грандиозноста на овај жив музеј на два континенти. Прошетка низ Златниот рог и продолжување кон Галата Кула и влез во истата, која нуди неповторлива панорама на Истанбул. Посета на Цариградската Патријаршија. Слободно време за шопинг и уживање низ Истанбул. Во пладневните часови поаѓање за Македонија. Ноќно патување со попатни паузи преку Грција.
5.Ден - 02.01.2020
   СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.
 
Цена на аранжманот 95 € / 5.890,00 ден.
 
Во цената на аранжманот е вклучено:
• Автобуски превоз на дадената релација по програмата.
• Сместување во хотел со 5* на база 2 ноќевања со појадок (шведска маса).
• Разглед на Истанбул со професионален водич.
• Посета на Сината Џамија.
• Посета на Хиподромот.
• Организација и водство на патувањето.
• Пратител-водич за цело време на патувањето од страна на агенцијата.

Во цената на аранжманот не е вклучено:
• Влезници за посета на културно - историските споменици.
• Факултативни посети и разгледи по програмата.
• Новогодишен дочек на брод.
• Новогодишен дочек во национален ресторан.
• Индивидуални трошоци на патникот.
• Патничко осигурување.

Цена на факултативни посети:
• Аја Софија – посета на некогашната православна црква, а денес
музеј со локален туристички водич ( вклучено аудио слушалки) – 20 € • Топкапи Палата – некогашната палата на султаните – 20 €
• Аквариум ,,Туркуазу’’ – 15 €
• Посета на кулата ,,Сафир’’ со 4D кино проекција – 15 €
• Крстарење по Босфор – 90 минутно крстарење низ најубавите предели на Истанбул – 20 €
• Долмабахче – турскиот Версај на султаните – 25 €
• Ноќен Истанбул – центар Emaar Square Mall и Watergarden и плоштадот Таксим – 25 €
• Турска вечер во национален ресторан – 25 €
• Пакет – Крстарење по Босфор, Долмабахче, Аквариум ,,Туркуазу’’, ноќен Истанбул ( Таксим, Emmar Square Mall, Watergarden) – 70 € (Намалување од 85 €).
• ВИП Пакет – Сите тури – 150 € (Намалување од 165 €).
• Новогодишен дочек на брод - 55 €.
• Новогодишен дочек во турски национален ресторан – 65 €.

Напомена:
• За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 35 патници. Бројот на места е ограничен.
• Цената е изразена во евра, плаќањето исклучиво се врши во денарска противвредност 1€=62,00 ден.
• Во случај на недоволен број на патници агенцијата го задржува правото на откажување на аранжманот најкасно до 5 дена пред поаѓање.
• Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата.
• За патувањето важат општите услови на СКТМ и Т.А. ,,АТЛАС КОРПОРЕЈШН’’.

 

Галерија

istanbul istanbul istanbul istanbul istanbul istanbul istanbul istanbul istanbul istanbul istanbul istanbul istanbul istanbul istanbul istanbul istanbul istanbul istanbul istanbul